Марија е единствената Македонка во својот занает: Работи со носот и води уникатен бизнис кој ќе ве воодушеви!

Таа е македонската гордост што ја стави нашата земја на официјалната мапата каде се обележани земјите низ светот што имаат едуциран парфимер и е единствената со македонско потеколо.

Професионалната парфимерка Марија Аслимоска изминатите неколку години живее во Даблин заедно со својот сопруг и двете дечиња. Таму е од  2006 година, кога добила понуда за работа. Марија  има диплома и од престижниот  Grasse Institute of Perfumery од Франција каде учела од врвни мајстори на својот занает, а се образовала  и во Хрватска. Македонската јавност преку медиумите ја запозна пред неколку години, кога ги создаде нотите на првиот македонски парфем со дизајнерски потпис.

Неодамна стана мајка по вторпат, па повеќе е посветена на бебенцето, но ужива и додека создава мирисна магија во сопствената парфимерија во Даблин.

Марија секоја година доаѓа во Македонија, некогаш и по неколку пати затоа што носталгијата и приврзаноста кон родното место е посилно од неа.

-Најмногу ми фалат пријателите, седенките со кафе, ќебапчињата од „Дестан“, наши други традиционални македонски јадења, Скопје, Охрид, журките, слушањето на македонскиот јазик секаде каде што одам и уште многу, многу други работи. Дома си е дома!, изјави Марија во едно интервју за порталот Stylist.mk.

Во своето досегашно искуство работела на доста необични проекти, има изработено и специјален парфем за распрскување низ целиот град, како дел од соработката со музејот на парфемите оттаму, а создала и многу формули по лична нарачка.