Манастирот на Острошките планини во Црна Гора Св. Василие Остроши, во последниве неколку години станува многу популарна туристичка атракција за Македонците.
Голем е бројот на луѓе кои се упатуваат кон овој манастир со цел да се одморат, и најважно да се помолат на моштите на Св. Василие Острошки кои се наоѓаат во ковчег во пештера во манастирот.
И од туристичките агенции го потврдуваат истото, додавајќи дека речиси секоја недела тие имаат тури до манастирот и дека постојано се зголемува бројот на заинтересирани.
Оној кој еднаш ќе отиде таму, со сигурност ќе отиде и наредан пат.
Дел од луѓето го посетуваат манастирот и си заминуваат, а дел од нив сакаат да преспијат под неговите конаци. Па затоа таму, многу е честа слика да се забележи луѓе исполегнати на земја.
За чудата кои се случуваат во овој манастир постојат многу легенди и приказни.
Луѓете барајќи спас, и решавање на многу проблеми, ја занемаруваат километражата и далечината на манастирот од Македонија, па без проблем се упатуваат таму, да се помолат за себе и за своите најблиски.
Таму одат брачни парови кои не можат да имаат деца. Жени по посетата на вечната куќа на прочуениот светец останувале бремени и сите веруваат дека токму свети Василиј ги благословил, па останале бремени. И виновата лоза која расте покрај карпите на прочуениот манастир била лековита...
Манастирот Острог се смета дека претставува вистинско место за одмор на душата и пронаоѓање на Бога во себе.
Митрополитот Василиј бил канонизиран за светец на Српската православна црква.