Малчески: На Гордана не ѝ треба да биде Претседател на Македонија...

Професор Самоил Малчески со поддршка за кандидатката за претседател на ВМВО ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова. 

- Во 2019 излезе како Претседателски кандидат, во период кога ВМРО ДПМНЕ беше партија под жесток притисок на хибридниот режим на Заев, кога после срамните пресуди за 27ми април во државава беше страв да кажеш патриотски став! Тогаш освои 377000 гласа! Изборите и ги украдоа картелот СДС и ДУИ во вториот круг! Една година потоа, застана на чело на листата предводена од ВМРО ДПМНЕ во првата изборна единици и четири години потоа е столбот на одбраната на Македонија и Македонските национални интереси во парламентот! - пишува тој во објава на својто фејсбук профил. 

- Да се разбереме на Гордана не и треба да биде Претседател на Македонија, на Македонија и треба Претседател како професорката! Само со личен авторитет, знаења, вештини и ставови може да се поврати угледот на функцијата Претседател на Македонија, а со тоа и угледот на Република Македонија! На 24 април ние одлучуваме каков Претседател сакаме, личност со дигнитет и авторитет или политички циркузанти! - вели Малчевски.