Максим Димитриевски прогласи победа во Куманово во првиот круг

Кандидатот за градоначалник на Куманово од СДСМ, Максим Димитриевски, прогласи победа во првиот круг на локалните избори. „Кумановци победија во прв круг“, напиша Димитриевски на својот профил на „Фејсбук“.

„Победија граѓаните Македонци, Албанци, Срби, Роми, Турци, Власи, Бошњаци, Хрвати…кумановци… За живот во Куманово и Македонија! Ви благодарам, почитувани, на подршката, со Зоран Заев до конечна победа на Македонија, членство во НАТО и ЕУ, просперитет и иднина за сите“, напиша Максим Димитриевски.