Иницијативата против урбаното дивеење прогласи победа по донесениот ДУП од страна на општина Ѓорче Петров

Иницијативата против урбаното дивеење соопштија дека по донесениот ДУП С3 16 од страна на општина Ѓорче Петров после цели 6 години можат да прогласат победа. Со овој ДУП е предвидуваат нови зелени површини во централниот дел на општината.

- “Со овие проекти конечно централното подрачје во нашата општина ќе добие објекти кои се од исклучителна важност за непречено секојдневно функционирање и голем број на нови зелени површини. Шест години нашата битка беше против насилна бетонизација на општината. Конечно имаме слух за нашите барања. Новите паркови и зелени површини конечно стануваат реалност“, соопштија од Иницијативата.

Тие упатија искрена благодарност за соработката до министерката за одбрана, Славјанка Петровска, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и до градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

Од таму додадоа дека оваа е една убава историја за сите Ѓорчепетровци и пример како треба да се работи во интерес на граѓаните.