Во Македонија имаме многу млади музички таленти кои вреди да ги слушне целиот свет. Еден таков пример е виолинистот Виктор Ангелов.

Неговиот талент започнал да го негува уште од 7 години. Средното училиште го завршил во Србија, а потоа станал студент на познатиот Универзитет „Mozarteum“ во Салцбург.

Инаку Ангелов досега многупати настапувал заедно со Македонската филхармонија, а имал и солистички концерти.

Виктор прави вистински уметнички дела од најголемите светски поп хитови. Неговата верзија на Деспасито ја виделе милиони луѓе на социјалните мрежи. Во продолжение уживајте во магијата што ја прави Виктор со својата виолина.

Видео: Мотика