Македонската репрезентативка Нацева нова фудбалерка на Борусија Дортмунд

Македонската фудбалска репрезентативка Марјана Нацева (28) е нов член на германскиот гигант Борусија од Дортмунд.

Нацева се сели во германското првенство од редовите на македонскиот вицешампион ЖФК Каменица САСА.

Клубот од Македонска Каменица и се заблагодари на Нацева за придонесот, посакувајќи и успешна интернационална кариера.

„По успешниот пробен период, нашата веќе поранешна фудбалерка, потпиша договор со германскиот гигант Борусија од Дортмунд. Огромна благодарност за сè што направи за нашиот клуб, Ману. Ти посакуваме само успеси во иднина“, објави Каменица САСА.