Македонија ќе биде казнета од УЕФА?

Четирикратниот светски фудбалски шампион, селекцијата на Италија освои три бода во Скопје против Македонија (3-2), а Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) би можела да плати казна поради недолично однесување на поединци од публиката по вчерашниот меч на „Филип втори“.

Во неколку наврати од мечот од трибините летаа тврди предмети, а исто така се користеа и ласери за да се дефокусираат противниците.

Во моментот на постигнувањето на еден од погодоците на Јужната трибина се запали и факел во блокот шест. Случувањата на мечот се влезени во записникот на делегатот, а на потег сега се дисциплинците на УЕФА кои ќе одлучат дали ќе биде доделена казна и каква ќе биде.