Македонците издвојуваат пари за егзотични одмори во септември

Туристичките работници велат дека оваа беше успешна летна сезона. И оваа година најатрактивни беа Грција и Турција, но се поголем интерес имаше и за егзотичните дестинации како Куба, Малдиви, Занзибар, Сејшели, Маурициус, Бали...

Цените за аранжманите во Грција беа слични како и минатата година, понудите за Турција беа исклучително поволни и се движеа од 299 евра по лице, вклучувајќи авионски превоз и хотел со пет ѕвезди.

Но, оваа година Македонците сакаат да одат и на егзотични дестинации. И покрај тоа што цените за таму се доста повисоки, има голема заинтресираност. 

Септември е најпогоден, велат тие. Тогаш цените се доста намалени, па така многу се одлучуваат за некоја од поалечните поегзотични дестинации. 

Од туристичите агенции велат дека има некои кои аранжманите си ги плаќаат во готово, а дел од нив ги плаќаат на рати.

Во секој случај, од таму додаваат дека од година на година се повеќе се зголемува борјот на луѓе, кои сакаат да отидат на некое егзотично место.

До пред некоја година овие места воопшто ги немало во понудите на агенциите.