Најдобарата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се наоѓа во страшна форма.

На тенискиот турнир во Рим што се игра за награден фонд од 25.000 долари по тешката победа со пресврт во првото коло, во второто буквално ја оддува романската тенисерка Габриела Дуча со 2-0 во сетови без загубен гем за помалку од 50 минути игра.

22-годишната Ѓорческа започна фуриозно и по неполн половина час поведе со 1-0. Експресниот сет беше проследен со три одземени сервиси на противничката, која немаше одговор за расположената македонска тенисерка. Добрата игра на Лина продолжи и во вториот сет во кој повторно направи три брејка и го заврши мечот без ниту еден загубен гем.

Во четвртфиналето Ѓорческа ќе го чека подобриот од дуелот пмеѓу Даниел Сигел од Чиле и Екатерине Горгодзе од Грузија. Радува формата на нашата најдобра тенисерка, која ги прави последните подготовки за квалификациите на вториот Грен слем турнир сезонава, Ролан Гарос.