Летувајте само преку лиценцирани агенции - отворете четири очи кога купувате туристички аранжмани

За да не бидете измамени, патувајте преку лиценцирани агенции со кои задолжително треба да имате склучено писмен договор. Во случај да имате било какво непријатно искуство треба да доставите писмено барање за да бидете обесштетени.

Најчесто брзите одлуки за патување и резервации преку он-лајн доведуваат до непријатни ситуации.

Корисниците на услугите ако да се соочат со било каков проблем, измама при патувањето да реагираат со приговор во рок од 8 дена од денот кога се вратиле, бидејќи само така можат да ги остварат своите права, во спротивно приговорот ќе им биде одбиен.

Ова се дел од препораките на Организацијата на потрошувачи на Македонија (ОПМ) за македонските туристи непосредно пред стартот на новата летна туристичка сезона, со цел да не им се случи нешто непријатно.

Потрошувачите најчесто се незадоволни од услугата која ја добиле во хотелот, неисполнети делови од понудата, лажно рекламирање, откажување на патување од страна на туристичката агенција на само неколку дена пред патувањето.

Сите денешни вести прочитајте ги тука.