Ламборгини произведено во Арачиново (ВИДЕО)

Ламборгини не се произведува само Италија. Ваков вид уникатен спортски автомобил креиран од голема желба и страст, е направен и во Арачиново. За само неколку месеци, Менсур Кадриу успеа автомобилот Рено Лагуна, да го претвори во Ламборгини, пренесува Тв21.

Целиот облик на автомобилот е променет за приближно да може да изгледа на супер-автомобилот од Италија.

„Имав голема желба. Јас имам и филмска продукција, снимаме филмови. Ваков автомобил ни беше потребен за филм кој ќе го снимаме во јануари. Се сетив на ова и отидов купив Рено Лагуна. Го исеков и почнав да работат на полека собирајќи ги деловите. И еве сега изгледа вака“, рече Менсур Кадриу.