Кучиња скитници искасаа тројца скопјани

Тројца скопјани во текот на вчерашниот ден пријавиле дека биле искасани од кучиња скитници.

На 09.04.2024 во 18.45 часот во Полициска станица Гази Баба Џ.Л.(21) од Скопје пријавил дека во с.Инџиково-скопско бил каснат од куче скитник.

- во 20.55 часот во Полициската станица Центар С.Ј.(49) од Скопје пријавил дека на Кеј „13-ти Ноември“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

- во 21.50 часот во Полициската станица Бит Пазар Е.Ј.(71) од Скопје, пријавил дека на ул.„376“ во Скопје бил каснат од куче скитник.