Куче искаса дете од Скопје

30-годишниот Б.И. од Виница, пријавил дека на 27. месецов околу 08 часот и 15 минути движејќи се на  улица "Максим Горки" во Скопје, бил нападнат од повеќе кучиња скитници  од кои едното го каснало  на левата нога  во пределот на левата подколеница.

Исто така, 42-годишната К.Н.Р. од Скопје, пријавила дека на 27. месецов во 23 часот на улица "Благоја Стевсковски" нејзиниот 14 годишен син бил каснат од страна на куче- скитник во пределот на десната надколеница.