Заврши изградбата на „Есенинова“ со која се поврзуваат општините Аеродром и Кисела Вода

Град Скопје соопшти дека е завршена изградбата на улицата „Есенинова“, која претставува ново сообраќајно поврзување на општините Аеродром и Кисела Вода.

Новата улица ги поврзува булеварите „Борис Трајковски“ и „Трета Македонска бригада“ и со истата ќе се намали сообраќајниот метеж кој се создава на крстосницата кај „Тутунски комбинат“.

- Дополнително, изградена е нова водоводна и канализациона мрежа, поставено е улично осветлување и изградени се нови подземни  бунарски линиски системи кои се во функција со резервоар, пумпна станица и поврзување со хидрантска мрежа. Паралелно со градежните работи се изведоа заштитни огради и на крстосницата се постави нова светлосна сигнализација и соодветно обележување на хоризонталната сигнализација на коловозите, велат од Град Скопје.