Кошаркарите на Работнички стапија во штрајк, си ги бараат неисплатените плати

Иако општина Центар најави пред некое време дека финансиските проблеми се надминати во центарскиот клуб, па дури и беше потпишан спонзорски договор со М-ТЕЛ сепак кошаркарите на Работнички стапија по штрајк. Причината им се неисплатените плати и од таму најавија дека се додека не ги добијат финансиските средства кои им следуваат нема да тренираат ниту да играат за клубот. Имено на штрајкот им се приклучиле речиси сите вработени во клубот од играчите до тренерите пренесува КОШ.мк

- “Револтирани сме и од негрижа за тимот бидејчи исто така поради неисплатени плати во главниот дел од сезоната останавме без кондициски тренер откако си замина Кристијан Кајчевски. Сметаме дека заслуживме подобар однос со досегашаните резултати затоа што екипата се наоѓа во серија од шест победи, остваривме триумфи против некои од најголемите ривали за титулата, го победивме МЗТ Скопје за прв пат по три години, и се доближивме до првото место на табелата. Освен тоа направивме хемија во тимот, гинеме сите за еден и тоа се чувствува во секој сегмент од нашето функционирање“ велат за КОШ од Работнички

Ако не бидеме исплатени, екипата нема да отпатува на претстојниот натпревар против Еуро Никел, во следното коло од домашното првенство, без оглед на сите консеквенци со кои би се соочиле како клуб пишува во соопштението.