Користел фалсификувана лична карта, маж од Косово приведен на скопски аеродром

На 25.03.2019 во 05:30 часот на Граничен премин „Аеродром-Скопје“, при контрола и проверка  било констатирано дека француската лична карта на И.П.(25) од Косово била фалсификувана.

Тој бил приведен во полициска станица, по што дал други лични податоци за себе, односно дека е И.В.(24) од Косово.

Подоцна  бил предаден на инспектори од Регионалниот центар за гранични работи Север за понатамошна постапка.