Во квалификациите за Европското ракометно првенство што следната година ќе се одржи во Хрватска комплетирано е третото коло.

Дербито на колото меѓу Унгарија и Данска заврши без победник, додека македонската репрезентација забележа значајна победа над Исланд со 30-25 по што го презеде првото место на табелата.

Комплетни резултати и пласман во три одиграни кола:

Група 1: Летонија – Холандија 27:29 и Унгарија – Данска 25:25

Табела: Данска 5 бодови, Унгарија 5, Холандија 2, Летонија 0.

Група 2: Белорусија – Полска 32:23 и Романија – Србија 22:23

Табела: Белорусија 4, Романија 4, Србија 4, Полска 0.

Група 3: Австрија – Шпанија 29:30 и Финска – Босна и Херцеговина 27:32.

Табела: Шпанија 6, Австрија 2, Босна и Херцеговина 2, Финска 2.

Група 4: Украина – Чешка 26:23 и Македонија – Исланд 30-25

Табела: Македонија 4, Украина 4, Чешка 2, Исланд 2.

Група 5: Словенија – Германија 23:32 и Швајцарија – Португалија 25:27.

Табела: Германија 6, Словенија 3, Португалија 3, Швајцарија 0.

Група 6: Русија – Шведска 21:29 и Словачка – Црна Гора 27:27.

Табела: Шведска 6, Русија 2, Словачка 2, Црна Гора 2.

Група 7: Норвешка – Франција 35:30 и Белгија – Литванија 29:33.

Табела: Франција 4, Норвешка 4, Литванија 4, Белгија 0.

Натпреварите од следното 4.коло ќе се играат во деновите на викендот (6 и 7.мај), а дуелот Исланд – Македонија на програмата е во недела од 19 часот и 45 минути.