Полицијата во Штип вчера соопшти дека се приведени двете лица кои се осомничени дека претепале 21-годишна девојка во влез на станбена зграда.
Целиот случај лицата го снимиле на мобилен, а видеото кружеше на социјалните мрежи.
Тимот од Центарот за социјална работа-Штип на девојката веќе има понудено психосоцијална поддршка.
Според адвокатот Александар Тортевски делото е извршено од 2 лица и потпаѓа под став 3 за кој е предвидена казна затвор до 5 години. Ако и била нанесена тешка тел. повреда, казната е до 10 год.