Ммм омиленото кафе… Тој мирис… Тој вкус… Тоа чувство после само една голтка… Па, може ли денот да биде неубав кога ќе го започнеме со нашата омилена напивка?

О не, никако! И секојпат кога ни е потребно малку мир, уживање и опуштање, посегнуваме по шолја од омиленото кафе. И секојпат кога ќе ни падне притисокот, енергијата, кога ќе ни се приспие и ни е потребно малку „подигнување“, се знае што ќе не „подигне“. Па да, кафето!

Но, можеби и самите сте забележале, понекогаш, дека ниту кафето и кофеинот го немаат она дејство за кое сме верувале дека го имаат. Едноставно, тоа изостанува. Се запрашавме зошто е тоа така и откривме кога кафето и кофеинот престануваат да „работат“.

Истражувањата покажаа дека кафето и кофеинот не помагаат после три дена навистина лош сон. Тогаш моќта на кафето во вашиот организам се намалува и не може да ве разбуди и да влијае на тоа да се чувствувате подобро, а тоа ќе го потврди секој кој барем еднаш се соочил со сериозна несоница. Ова истражување е спроведено на 48 возрасни личности кои 5 ноќи по ред спиеле по само 5 часа. Во текот на денот дел од нив земале одредена доза кофеин, додека другите добивале плацебо. Истражувачите го испитувале расположението и енергијата кај секого од нив, а утврдено е дека кофеинот престанал да делува после третиот ден.

Значи, после 3 дена дури ни кафето не може да нè „подигне од мртвите“ кога веќе со денови спиеме лошо. Секако, ниту алкохолен пијалак нема да биде од голема помош, но затоа, сонот може. Морате да се наспиете доколку сакате нормално да функционирате, бидејќи кафето ќе ви го „чува грбот“ само 3 дена. После тоа – право во кревет!