Ќе се спасиме ли од невремето?

Околу полноќ, во најголем дел од државава, состојбата со времето ќе биде стабилизирана.

По невремето попладнево, вечерва за велигденската ноќ кога сите одат во црква, атмосферата постепено ќе се стабилизира, иако само уште на исток вечерва ќе има услови за локална нестабилност.

Првиот ден од Велигден пак, метеоролозите велат дека ќе биде сончево.

Од понеделник ќе има благ пад на дневните температури, а од вторник се најавуваат и нови врнежи.