Ќе добие ли „Фи-Ком“ повторна истрага: Сопственичката бара прием во СЈО

Поранешната сопственичка на градежната компанија „Фи-Ком“, Весна Сталевска – Николиќ, која издржува долгогодишна затворска казна за измами со продажба на станови и на деловен простор, во четвртокот до Специјалното јавно обвинителство испратил дошис со кој бара прием.

„Ви се обраќам со молба да ми биде овозможен прием кај некој од Вашите Обвинители во врска со случајот ’Фи-Ком’, бидејќи Вие сте обвинителство специјализирано за случаи кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, верувам дека имам корисни информации кои би помогнале повторно да се отвори овој случај, а во интерес на оштетените, но и на моето семејство“, се вели во дел од обраќањето на Весна Сталевска – Николиќ до СЈО.

Дали обраќањето до СЈО претпоставува дека овој градежен скандал, во кој беа измамени десетици граѓани, ќе добие поинаков тек, засега останува непознато, но барањето доаѓа само една недела по јавното обраќање на Сталевска – Николиќ до Министерството за правда и Одделот за извршување на санкции, но и до јавноста со барање за нејзино ослободување од натамошно издржување од затворската казна.

Таа информираше дека во затворот „Идризово“ е повеќе од десет години и дека поради нарушена здравствена состојба бара казната да и биде намалена. Весна Сталевска-Николиќ ги потсети надлежните дека нејзиниот сопруг, под сомнителни околности, извршил самоубиство во затвор, а потоа одби да ја комуницира со јавноста, притоа одбивајќи ја и хемотерапијата.