Кире открива: Кој е најголем заводник во Македонската репрезентација?

Репрезентацијата на Македонија ужива во одличните моменти коишто предизвикаа бура од одушевување кај сите фанови. Одличните игри беа знак дека може да се очекува уште подобра игра во продолжение.

24 Ракомет ќе се обиде преку новата рубрика „Блиц“ на забавен начин да ве доближи поблизу до националниот тим.

Кире Лазаров е репрезентативецот со најдолг стаж во оваа генерација на ракометари. Тој е капитенот кој ја водеше Македонија на сите успеси во последните неколку години и секако е играч кој одлично ги познава сите свои коилеги од репрезентацијата.

Погледнете го видеото со Кире Лазаров во кое ќе можете да видите според него  кој е најголемиот заводник меѓу ракометарите, најголемиот спанко, лутко…

Кире вели дека напедантен е Ацо Јоноски, најзборлив и најголем сезнајко е Немања Прибак, најголем заводник Филип Кузмановски…

Повеќе погледнете во диеото на 24 ракомет…