Керамидница ќе добие нова фитнес зона и детско катче

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски информира дека во тек е изградба на нова фитнес зона и ново детско катче на современа тартан подлога во Керамидница.

-  Направивме увид во поставувањето на справите на новата фитнес зона која ја градиме Керамидница. Дополнително градиме и ново детско катче со најсовремени реквизити за детска забава. Со изградбата на фитнес зоната и детското катче создаваме нов урбан простор за спорт и рекреација на жителите од Керамидница. Како локална самоуправа досега изградивме фитнес зони во Маџари и Колонија, а во периодот пред нас ќе изградиме зони и во другите населени места. Нема повеќе заборавени населени места. Проекти се реализираат насекаде низ нашата Гази Баба, порача Стефковски.