Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски, денеска извршија увид во градежните работи на новата атмосферска канализација што се гради по дел од улицата број 513 во населбата Ќерамидница, што води кон Скопски саем,  во општината Гази Баба.

Денеска присуствуваме на почетокот на изградбата на атмосферска канализација од Дојрана до реката Вардар и од поранешен  Пролетер до реката Вардар. Оваа атмосферска каализација се прави затоа што имаме две црни точки или две критични точки што се јавуваат при  обилни дождови, односно едната е кај Дојрана, а другата е на булеварот Александар Македонски меѓу Континенрал и семафорите кај Автокоманда.  Со изградбата на овој атмосферски колектор  практочно  ќе се заокружи колекторскиот систем од Дојрана па се до Вардар и од Пролетер до реката Вардар. Должината на  овој зафат е 550 метри, а рокот за изградба е 60 дена. Инвеститорот на проектот е ЈП „ Водовод и канализација “ и за неговата реализација се издвоени  околу 25 милиони денари, а на терен работат екипите на БАУЕР БГ. Сакам да им се заблагодарам на градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски, како и на директорот на ЈП „Водовод и канализација“, Алексанадар Атанасов, за одличната соработка и за нивниот ангажман да се надмине овој акутен  проблеми со кој се соочуваат жителите на  овој дел на  Ќерамидница -рече денеска градоначалникот Трајановски.

Градоначлникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски, истакна дека со помош на ЈП „Водовод и канализација“ и Град Скопје, односно со  реализацијата на овој значаен проект ќе се решат проблемите што настануваат заради поплавувањето кај Дојрана и кај Континентал. Тој, исто така, кажа дека заедно со Град Скопје планираат и во иднина да ги решаваат црните точки во општината. 

Ги информираме граѓаните дека поради градежните работи коишто се одвиваат на улицата број 513 , којашто минува низ населбата Керамидница и води кон Скопскиот  саем, сообраќајот е затворен и им порачуваме на учесниците во сообраќајот да се придржуваат на поставената сообраќајна сигнализација.