Казнети 62 возачи во изминатите два дена во Скопје за погрешно паркирање

Сообраќајната полиција во текот на изминатите 48 часа (среда и четврток) на подрачјето на град Скопје извршила увид на вкупно 20 сообраќајни незгоди.

Во текот на изминатите два дена, пак, сообраќајната полиција казнила 57 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, четири возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол, тројца возачи кои поминале на црвено светло на семафорот, 12 пешаци кои сториле прекршоци по разни основи и 62 за непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на изминатите два дена се отстранети 47 возила.