Вкупно 74.260 домашни миленици се микрочипирани заклучно со 31 декември 2019 година. Од нив, 71.076 се кучиња, 3.183 се мачки, а има и една ласица.
За да го намали бројот на бездомни кучиња, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на општините ќе им ги донира микрочиповите за милениците што останаа од бесплатната акција чиј рок беше пролонгиран и заврши на 31 декември.
Лани првпат беше изречена парична казна од 500 евра за напуштање миленик.