Камери и казни - само тоа ќе нè спаси од ѓубрето во Скопје

Често може да се забележи ѓубре низ градските улици, како и полни контејнери, но не секогаш се виновни комуналните служби за грдата слика на Скопје.

Пред неколку дена на мостот меѓу Жданец и Трнодол контејнерите биле преполни со ѓубре, а една скопјанка се пожали дека службите не си ја вршат работата.

Иако за само неколку часа контејнерите биле испразнети од страна на комуналните служби, сепак несовесни граѓани повторно фрлале ѓубре околу нив.

- Ниту една комунална служба не може да исчисти толку, колку што може да извалкаат несовесните граѓани. Да земеме пример од соседните држави, покрај автопатите, пример во Србија и Косово, нема ниту една хартија, ниту ќеса, ниту лименка. Само камери и казни, тоа ќе нè спаси од ѓубрето, пишува револтирана скопјанка.