Каменуван патнички воз на релација Скопје - Кичево

Во неделата во 21.20 часот непознати сторители извршиле каменување на патничкиот воз кој сообраќал на релација Скопје-Кичево, информираат од МВР.

Каменувањето било извршено кај надвозникот на излез од Гостивар, при што било искршено едно прозорско стакло од локомотивата. Повредени патници и персонал нема.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.