Каменуван автобус 50 на ЈСП кај Бит пазар

Вчера околу 14.00 часот на бул. „Крсте Мисирков“ во Скопје оштетен е автобус на Јавното сообраќајно претпријатие, кој сообраќал на линија број 50.

Со камења биле скршени три стакла.

По преземени мерки, од слобода е лишен А.М. (22) од Скопје. Тој бил приведен во Полициската станица Бит Пазар, а по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот.