Милева Велкова е позната ракометарка во нашата земја. Со голем успех го носеше дресот на Кометал и Македонија, а нејзин наследник би можела да биде нејзината ќерка.

Ања Велкова е дел од тимот што ќе игра на Европското првенство. По успехот во „Кале“, таа се стрча кон својата мајка со која заедно го прославија пласманот на големото европско ракометно натпреварување.

Јуниорското Европско првенство во ракомет ќе се игра во Словенија од 27 јули до 6 август.

Фото: Гол.мк