Како да се извлечете од минусот на плата?

Можеби веќе неколкупати сте се обидувале со своите приходи да го покриете минусот, но набрзо станувате обесхрабрени и се откажувате. Затоа вашите долгови продолжуваат да се зголемуваат и да ви создаваат дополнителен стрес.

Немојте да го одложувате подмирувањето на минусот на тековната сметка. Нема универзален рецепт, туку неколку општи правила:

-Одлучете се дека ќе престанете да ги зголемувате долговите

-Штедете за „црни денови“

-Планирајте го рокот и износот на отплата на минусот

-Создадете реален и одржлив домашен буџет. И држете се за него!