“Кај си бе пеер“...5 типа на скопски фраери кои го „држат“ ноќниот живот

Некои без манири, а некои со манири..Набилдани во рацете и рамењата, а тенки во половината, запуштени со пивски стомаци, а развиваат филозофии за тоа светот колку е надвор од контрола… 

5 типа на скопски фраери кои го „држат“ ноќниот живот.

Набилдани мангупи

Напукани со стероиди, кои резервирале сепаре, нарачале виски и собрале неколку девојки, кои пак, искочиле со цел да налетаат токму на нив. Совршена комбинација.

Синче на мама и тато

Момци кои си живеат со своите родители бидејќи не можат да се мачат за 300 евра. Тие имаат завршено факултет, но подобро е да си седат дома и да си чекаат од маме и тате отколку да се мачат.

Вечни ергени

Овие момци имаат богато портфолио, бурно минато и се авантуристи во душа. Имаат стандард муабет кој им е проверен и веруваат дека можат да ја освојат која девојка и да посакаат.

Дечко во сериозна врска

Иако има серизна врска и е во голема љубов со својата девојка тоа не му пречи да брка малолетни девојки. На никој не му е јасно како функционираат.

Машка спонзоруша

Опасна група мажи магнет за татините миленички. Ќе си начекаат размазена девојка со многу пари, бесна кола…по некое време нормално почнува да позајмува пари,кола како да е се негово ….бидејќи сето ова е од “љубов“.