Јас сум своја пред да бидам нечија!

Ти не ме поседуваш!

Ми требаше долго време за да сфатам што навистина значи самодоверба.
Со години се фокусирав на тоа како изгледам, а не како се чувствувам. Никој, освен неколку луѓе, не го виделе тој дел од мене, па зошто би било тоа важно?

Потребни беа многу ноќи, лоши врски и отровни пријателства за конечно да сфатам дека јас не го живеев својот живот за себе, туку за другите.

Јас го менував својот изглед, однесувањње и зборување за другите да се чувствуваат удобно. Не ги следев моите страсти и интереси затоа што другите така ми викаа или затоа што се грижев дека ќе мислат дека сум несигурна или дека сакам внимание.

Долго време одбирав да бидам невидлива, затоа што беше полесно отколку да бидам тоа што сум.

Конечно, на крај видов светло на крајот од тунелот и сфатив дека не само што животот е позабавен кога ќе престанеш да се грижиш што мислат другите, туку е подобар и за луѓето кои те сакаат.

Кога ќе преземеш контрола врз твојата сопствена среќа, ги ослободуваш другите. Престануваш да се потпираш на другите да ги земаат твоите чувства предвид и имаш многу повеќе разбирање кога немаат. Не очекуваш да прават чуда или да преместуваат планини, затоа што знаеш и сам(а) како да го направиш тоа.

Да го живееш животот сам за себе значи повеќе да ги цениш луѓето околу тебе. И кога еднаш ќе научиш да го правиш тоа, престануваш да чекаш некој да те направи комплетна.

Ти си припаѓаш на себеси, а знаеш дека ти секогаш ќе бидеш тука за себе. Ти си својот херој и хероина, принц на бел коњ и принцеза и твојот живот е полн и комплетен без други луѓе.

Самодовербата не е напумпано его или зборување за себе 24/7. Таа е едноставно начин како се направиш себеси среќна личност и да ја одржиш таа состојба на ум во сите твои врски. Кога имаш самодоверба, тогаш ќе внимаваш кому ќе дозволиш да ти се приближи и нема да дозволиш никој да направи да се чувствуваш дека не го заслужуваш тоа што го сакаш.

И сигурно помали се шансите да влезеш во врска со партнер(ка) кој(а) те контолира, затоа што веќе не ти е потребна лажната сигурност која ти ја даваат.

Да се има самодоверба значи да се биде среќна личност, самата со себе.