Излезе од фрижидер среде емисија - Вучиќ е досетлив, оригинален или пингвин?

Претседателскиот кандидат на претстојните априлските избори во соседна Србија и актуелен претседател Александар Вучиќ повторно во центарот на вниманието во регионот.

Во синоќешното гостување на ТВ Пинк, во студиото влезе излегувајќи од фрижидер.

На водителката и подари тегла со краставички, а ова негово мало шоу беше проследено со навивачката песна за Црвена ѕвезда и громогласни аплаузи во студиотот.

Тој и во предизборниот спот излегува од фрижидер. Ова се дел од коментарите на социјалните мрежи:

На некои им се допадна, други го критикуваат овој пиар на Вучиќ, но несомнено сите се изнасмеаа.

-Не му беше ладно?

-Да не е пингвин случајно?

-Досетлив политичар! Снаодлив! Добро е што умее како со народот! 

-Мене ми е тажно што ви е смешно?

-Таман, тој е само за реално шоу!

- Политиката ја претвора во забава. Па, Вучиќ излегува од фрижидер- спектакуларно нема што! 

Ова се дел од коментарите, но како и да е неговата нестандардна „појава“ привлече внимание кај публиката!