Исчезна штитеничка од Домот за деца без родители „11 Октомври“

Седумнаесетгодишно девојче е пријавено за исчезнато од Домот за деца без родители „11 Октомври“ во Скопје. Според информациите на МВР, пред два дена, на 18 август, воспитувачка во Домот пријавила дека 17-годишно девојче, штитеник на домот, излегло и не се вратило.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на девојчето.