Полицијата трага по штитеничка од „Ранка Милановиќ“ и две малолетнички

Три малолетнички меѓу кои 19-годишна штитеничка на Јавната установа „Ранка Милановиќ” во Гази Баба, и други две на возраст од 16 и 17 години од Чаир заминале во непознат правец, а случаите се пријавени во полиција.

МВР, информира дека случајот со штитеничката С.Р. (19) вчера во Полициската станица Гази Баба го пријавил социјален работник кој рекол дека таа на 10 февруари самоволно ја напуштила установата и се оддалечила во непознат правец.

Случајот со 16-годишното девојче по полноќ, вчера во Полициската станица Чаир го пријавил С.С.(49), а пак исчезнувањето на 17-годишната малолетничка исто така од Чаир, го пријавила нејзината роднина А.Д. (48) која рекла дека таа го напуштила домот на 16 февруари.