Иницијатива за враќање на споменикот на Ќосето изгласана во советот на Град Скопје

Иницијативата за враќање на споменикот на Андон Лазов Јанев Ќосето помина во градскиот совет. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата гласаше за овој споменик повторно се постави. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека овој историски лик заслужува спомен обележје и заемна почит.

-Сметаме дека овој историски лик заслужува спомен обележје и заемна почит. Фрапира антимакедонското однесување на СДС која се противеше на поставување на спомен обележјето што преставува продолжува на нивните политики за разградување на македонското јадро, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека сега на потег е градоначалничката Арсовска која не треба да потклекне под притисоците на СДСМ во градскиот совет.

Инаку споменикот на Ќосето беше поставен пред судската палата каде веднаш по доаѓањето на новата градска администрација предводена од Шилегов беше отстранет од таа локација.