Медицински сестри седат дома, а здравствени установи имаат сериозен проблем поради недостиг на средно медицински персонал. Некои директори беа принудени дури времено да затвораат и болнички оддели.

И додека побарувачката е голема, според податоците од Агенцијата за вработување, за профилот медицинска сестра како невработени се водат над 1000 лица. Дури 253 од нив се медицински сестри, 743  медицински техничари и околу 130 акушерки.

  • Медицинска сестра -253
  • Детска сестра негователка – 5
  • Медицинска сестра педагошка -34
  • Медицинска сестра бабица-130
  • Медицинска сестра(медицински техничар) -743

- За да не дојде до затворање на оддели, од Градската болница 8-ми септември бараат вработување на дополнителни 60 медицински сестри, покрај 60-те кои стапија во работен однос пред новогодишните рпазници. Барање до министерството за вработување на 20 медицински сестри има и Здравствен дом Скопје.

Покрај средно медицински персонал, постои барање и за доктори. Во ГОБ 8-ми септември нема нефролошко одделение бидејќи им е потребно вработување на најмалку двајца специјалисти од оваа област. Засега за оваа патологија пациентите можат да добијат здравствена услуга само еднаш неделно. Откако тројца лекари заминале во пензија, покрај нефролози од Министерството за здравство бараат и вработување на четворица анестезиолози, ревматолог и неврохирург. Болницата доставила барање и за 30 болничари.  130 вработувања бара и Здравствен дом Скопје, од кои 40 се лекари.

Речиси и да нема јавна здравствена установа која нема потреба од дополнителен кадар.  Според податоците од МЗ, нови вработувања бараат 14 клиники, 11 општи и клинички болници и три институти и заводи.

- Според доставените барања  од јавните здравствени установи, најголема потреба има од медицински сестри и сестри за нега, а дел се барања и за готови специјалисти и доктори на специјализација за кои е потребно неколку години за да се заврши специјализацијата, стои во писмениот одговор од МЗ.

Во Агенцијата за вработување како невработени се водат 35 лекари кои се уште не завршиле со специјализација.