Игор Стефановски - Иџе победи на трка во Чешка

Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски – Иџе го освои првото место на трката „Еко Хомо Штернберг“, која се возеше во Чешка.

Стефановски беше побрз од конкуренцијата и ја заврши трката со време од 3:18.159 со што запиша уште една победа во неговата кариера.

На втората позиција заврши Ханес Зенц од Австрија со време од 3:18.748, додека трет беше Мартин Јерман со време од 3:20.894.