Утринава покрај градоначалникот на општина Карпош на работа со точак дошле градоначалниците на Аеродром и Ѓорче Петров, Златко Марин и Александар Наумоски.

Денеска во Македонија се одбележува интернационалниот ден „Со велосипед на работа во зима“ (Winter bike to work day) на иницијатива на движењето „На Точак“.

Акцијата има за цел да ги мотивира граѓаните, институциите, фирмите, кафулињата, улилиштата да го прифатат предизвикот и со велосипед да отидат на работа или училиште, бирајќи го тоа превозно средство како нов современ урбан стил на добро живеење.