И Бразилец ќе игра за Македонија?

Лијанко Евангелиста Силвеира Невес Војновиќ (20), можеби во иднина ќе настапува за нашата најдобра селекција.

Имено, како што дознавме, челниците на нашата фудбалска федерација имаат контактирано со самиот фудбалер и ако сè биде в ред тогаш во блиска иднина одличниот стопер би можел да заигра за нашата најдобра репрезентација, пренесува Македонски спорт.

Инаку, Војновиќ е роден во Бразил на 01.02.1997 година во Виторија - Бразил. Ги минува школите на Сао Паоло и Ботафого, а има игра за првиот тим на Сао Паоло. Војновиќ, кој има српско потекло, има играно за младите селекции на Бразил, но и на Србија. Е сега дали ќе се успее да се „зграпчи“ овој „кариока“ и да игра за нашиот национален тим, останува да се види, ако да тогаш дефанзивата, односно стоперската линија би била поконкурентна.