Грип и ковид врие низ град, ние пасошки кластери правиме...

Не стивнуваат реакциите во јавноста за хаосот кој се создаде со менувањето на личните документи кои со старото име важат до 12. февруари. 

Дополнително, изминативе денови граѓаните реагираа дека премиерот и претседателот на државата, Ковачевски и Пендаровски, не успеале да се искоординираат околу тоа кој да ја потегне работатат, да се договорат со официјална Атина околу пролонгирање на рокот за промената која произлегува од Преспанскиот договор. 

Ина Многуфина, се јави во свој стил. Со иронична констатација, „ја плесна“ вистината во очи: 

- Грип и ковид врие низ град, ние пасошки кластери праиме пошо никој не знае во државава кој треба да се јави во Атина. Па ако не јас да се јавам, еве не знам...