Најдобриот македонски фудбалер, Горан Пандев, отпочна проект во Струмица кој е речиси на крајот. Грандиозната Академија која се гради во Струмица полека, но сигурно расте и дoаѓа до крајот.

Фудбалерите ќе имаат се што ќе им биде потребно на располагање, а теренот кој се подготвува ќе биде со вештачка трева и ќе има трибина од околу 400 места.Во придружните објекти ќе има апартмани, теретани, сауни, базени... наменети за спортистите. Струмица како град со комплексот на Пандев ќе добие многу, а исто така и фудбалерите, кои ќе може да ги одработуваат своите подготовки во свој град. 

Комплексот на Пандев е лоциран веднаш до салата „Парк“. Според информациите, целиот проект вреди 4,6 милиони евра и се очекува да биде готов најдоцна до март, 2018 година.

Фото:Јависејужна