Граѓаните цел на измама, доколку ви стигнат вакви пораки не ги отварајте

Повторно се злоупотребува името на АД „Пошта на Северна Македонија“ со пораки кои ги добиваат деновиве граѓаните со невистинита содржина, информираат од компанијата во објава на веб страницата.

По кој знае кој пат на граѓаните на нивните телефони им пристигнуваат пораки наводно од пошта каде се вели дека имаат пратка која е заглавена кај нив и и се повикуваат да ја потврдат својата адреса на понуден линк. Откако ќе кликнете врз линкот ве води на адреса која не е поврзана со сајтот на Пошти каде треба да вметнете податоци од вашата банкарска картичка. Граѓаните кои чекале пратки и кои наседнале на оваа измама велат дека во истиот миг од нивните банкарски сметки се повлечени стотици евра. Она што е нејасно како броевите на илјадниците корисници на македонските оператори се мета на вакви измами

Името на националната Пошта претходно беше злоупотребено во измамнички кампањи во јануари и февруари годинава