Дали се сеќавате кога последен пат сте добиле или пак испратиле разгледница или писмо по пошта?

Дали се сеќавате кога последен пат сте добиле или пак испратиле разгледница по пошта?

За жал се помалку, а можеби и воопшто во последно време не се праќаат разгледници, честитки или писма како некогаш.

Некои велат дека кога некому праќате писмо или разгледница, тоа значи дека почитта и вниманието е поголемо, а и зборот напишан со пенкало има своја вредност.

Многумина велат дека исто така убав момент е кога тоа ќе го најдете во вашето поштенко сандаче или на рака ќе ви го врачи поштарот.

И разбирливо заради модерното време и технологијата која ја носиме со нас. Наместо да го чекаме поштарот, ние за жал постојано чекаме писмо во форма на порака на некоја од социјалните мрежи.

Живееме во време на интернет, мобилни телефони и компјутери каде пораките се испраќаат во дел од секунда. Денес е многу лесно да комуницираме со луѓето, а уште полесно е да останеме во контакт со роднините во странство.

Но, ова не било баш лесно во времето кога растеле нашите родители, баби и дедовици.

-Јас имам сестра во Чешка. Комунициравме со писма. Ќе го испратев писмо, па ќе чекав некогаш и по еден месец, за таа да ми врати. Не е како сега. Таа кога се породи со својата прва ќерка, ние во Скопје дознавме после две недели. Други беа тогаш времињата. Некои од писмата ги чувам и денеска. Имаат големо значење, раскажува баба Станка.

-Кога ќе отидевме на одмор прво нешто што ќе направевме е да купиме разгледници и да им испратиме и сите најблиски. Некогаш ние се враќавме дома пред да стигнат разгледниците, но тие имаа големо значење, вели Велика.

-Јас кога бев војник на моите дома им праќав писма. Мајка ми ги чуваше истите до последен момент, вели Гоце.

Дали некогаш сте напишале или добиле писмо? Го знаете ли чувството?