Денес Инспекторатот на град Скопје на улица Ѓорги Капчев бр. 22, Лисиче, општина Аеродром пристапи кон реализација на донесеното решение од страна на овластен инспектор за животна средина.
Дворното место е затрупано со секаков вид отпаден материјал кој се пали и користи како огревно средство.
ЈП Комунална Хигиена по налог на град Скопје пристапи кон чистење на локацијата. Повикана е и асистенција од Министерството за внатрешни работи.
Се работи за огромна количина на отпаден материјал.