Гори напуштена барака во Пржино

Гори напуштена барака во населба Пржино дознава 24Инфо.

Се претпоставува дека пожарот настанал од запалено ѓубре кој се наоѓа во објектот.

На терен освен две противпожарни возила може да се забележат и возила на итната медицинска помош и полиција.