Денот испарува во ноќ
температурата во воздухот се мери со приказни
како сите ја сакаат зимата, се додека зимата не дојде.
Луѓе како луѓе,
го сакаат она што не можат да го имаат...
Летото го нарекувам доба на рамнотежа,
се топат маските на несовршеноста
позади кои се чувствува празнината.

Светот станува подобро место
кога пирејот ќе се исуши...
Топлината носена од ветрот
ја искоренува мувлата на мојот пат.
Сувата сол на кожата
ме потсеќа на ситниците кои ги сакам
и од кои го имам изградено својот свет
во кој нема повеќе место за пиреј..

За ништо не жалам,
затоа што секогаш сум имала
сѐ што ми било потребно,
изградено од ситниците во моето срце
кое бие во тебе.

Го сакам летото...