Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа напредуваше 1 позиција на најновата ВТА ранг листа и сега се наоѓа на 181 место, што е најдобар резултат во нејзината кариера.

Во дубл Ѓорческа исто така забележа рекорден пласман и сега се наоѓа на 132 – та позиција.

На врвот на сингл ранкингот нема промени. Серена Вилијамс која поради бременост ја заврши сезоната се уште е прва, пред германката Анжелик Кербер. Во топ 5 уште се наоѓаат и Каролина Плишкова, Гарбиње Мугуруза и Доминика Цибулкова.